Желјазков ќе ја предводи бугарската делегација на 80-то Генерално собрание на ОН
Бугарскиот премиер Росен Желјазков, ќе ја предводи бугарската делегација на 80-та редовна сесија на Генералното собрание на Обединетите нации, што ќе се одржи во Њујорк, јавува БНР.
За време на престојот во САД, Железков ќе се сретне со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. Планирани се и разговори со претставници на американскиот бизнис сектор, како и учество на традиционалниот прием кој го организира претседателот на САД, Доналд Трамп.
Во рамките на посетата, премиерот ќе биде гостин и на свечениот прием за бугарската заедница во САД, организиран од Генералното конзулатство на Бугарија, по повод 117-годишнината од прогласувањето на независноста на земјата.
Во составот на бугарската делегација се вклучени и министри од владата.

