(Видео) Желјазков: Еврото ќе ја осветли бугарската економија
Еврозоната не e цел сама по себе. Воведувањето на еврото е начин да се осветли економијата, начин да се извадат на виделина сите непријавени ресурси, кои се проценуваат на десетици милијарди непријавени леви, за кои не се платени даноци. Ова го изјави бугарскиот премиер Росен Желјазков денеска во Софија, јавува БГНЕС.
Ова е јасен пристап за да се осигураме дека нашата земја ќе биде светла европска земја, додаде бугарскиот премиер Желјазков.
