ЗА ЖЕНАТА ШТО ДОЈДЕ ВО ЖИВОТОТ НА МОЈОТ СОПРУГ

Истакнато Љубовни приказни Магазин

Страст, магија силно срцебиење…Еден ден, два, месец, година… Потоа клекнување на колена, па прстени, па колнење во вечна љубов и како за крај удирање на печатот во матично за сигурна потврда на љубовта на двајцата млади… Сѐ така розово… Па деца, па работа , па има, па нема… Па пак нема , па притисок… Ај ќе биде де. Ако не денеска утре, ако не утре другиот месец… Па кисели лица, па лутачки, па нервоза… И така од магија почнува долг период на тензија… Нема пари, нели парите се скапи во последно време за излегување и релаксирање па како најевтина опција се става интернет со најголема брзина и секако најголем неограничен пакет. И ајде доаѓа моментот за лажен профил, пошто нели ние сме (јавна тајна) полигамно општество скриено под превезот на конзервативните вредности па не смее никој да дознае до кој степен се развила нашата перверзност. И така ај бе као на заебанција почува чатот со непознати… Една, две, три… Сопругот веќе не само што се смирил и не е нервозен туку и за некое чудо тој се сменува во особа која не сте ја ни познавале. Вистина на почеток делува како цело време да е нешто работно зафатен. Нели сепак некој треба да го вади лебот и за фамилијата. Ден, два, три… Телефонот веќе му е на нечујно, се почесто оди на продавница, па да го исфрла ѓубрето, па као непредвидено мора да остане подолго на работа пошто нели има состанок… И така се убаво, дома хармонија, насмевки на сите страни расфрлани како неперените гаќи на сенилна баба.
Сопругата, жена со прилично развиена емоционална и интелектуална способност, некако како да не може да го поднесе тој чуден мир… Нели пари сѐ уште нема, проблемите си стојат а дома е се мед и млеко… „Овој нешто или полудел или некоја магија има фрлено врз него“… Магија… Мора да е нешто што не е поврзано со мене… На што ме потсетува магијата… Хммм… а да… почетокот на нашата врска, кога бевме заљубени… И оп! Како неонско запајажено светло, мисла во која не сака да верува… Зарем тој е заљубен повторно… Заљубен, но во друга? Пуста женска радозналост … Ќе исчепка жена, нокти ќе откорне ама ќе разбере… И… разбра… Сите тие радости, сите тие насмевки биле поради друга жена…

Седнува жената на својот Facebook профил ја најдува госпоЖата и почнува да пишува:

„Драга моја делумна заменичке. Како е чувство да свириш на втора мандолина? Знаеш дека не ја водиш ти мелодијата нели? Ти признавам донесе радост во МОЈОТ дом. Сега некако дури и повеќе се сакаме. Пробуди страв кај мојот сопруг кон мене. Страв дека ќе ме изгуби ако го фатам со тебе. Исто така многу сум ти благодарна што на овој начин придонесе ноќе да се припива во мене и да шепоти „те молам не ме оставај“. Драга колешке, јас и ти имаме еден ист проект ама вака не ја бива. Не може јас сѐ да сработам а ти да земеш иста плата како мојата. Ако го „работиш“ навечер на 2 саати нели би било фер да дојдеш и да му ги испереш гаќите бидејќи се налигавил со тебе? Исто така по дома треба да се замети, запери, зачисти. Деца да се нахранат, избањаат, да им се помогне за на школо па и нели и ручек да се направи. Ќе мора да бидеш фер и да помогнеш. Сепак си втора мандолина, поддршка на првата. Драга пријателке. Ако некако поради некоја чудна причина не ти се прави тоа, сепак јас ќе ти го испратам цел. Јас сум добродушна па викам ај да не те повредувам. Уживај во него и неговите покакани гаќи. Поздрав мила и убав живот.“
И така од тој момент натаму сопругата си живееше среќно и весело САМА до крајот на својот живот.

Автор: Не дај се Делфина