ФРАНЦУСКИ МИНИСТЕР СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА БИДЕЈЌИ ПЛАТИЛ ВЕЧЕРА СО СОПРУГАТА СО СЛУЖБЕНА КАРТИЧКА

//

Францускиот министер за природна средина Франсоа де Ружи, кој важи за близок соработник на претседателот Емануел Макрон, поднесе оставка по извештаите за скапи вечери платени од државни пари и злоупотреба на субвенционирани станови. 

Порталот „Медијапарт“ објави фотографии од Де Ружи и неговата сопруга, во скап ресторан како уживаат во скапа вечера со скапо вино и јастози во време додека тој бил претседател на парламентот. 

Порталот тврди дека вечерата на сметка на даночните обврзници била приватен настан, додека поранешниот министер се брани дека вечерата била во рамките на неговата работа во Националното собрание. (Повеќе за овој случај прочитајте на Fakulteti.mk)



Претходна статија

НЕМА ДА ИМА ЛИДЕРСКА СРЕДБА: ЗАЕВ НЕ ПРИФАЌА УЛТИМАТУМИ

Следна статија

„САН“: АКО БОРИС ЏОНСОН СТАНЕ ПРЕМИЕР ПОВЕЌЕ ОД 12 МИНИСТРИ ЌЕ СИ ЗАМИНАТ

Најново од Вести