Повеќе од дванаесет британски министри планираат веднаш да поднесат оставка ако Борис Џонсон стане премиер следната недела, пишува британскиот таблоид „Сан“.
Според весникот, освен Маргот Џејмс, заменик-министер за дигитализација, која се повлече вчера, ќе заминат и министерот за финансии Филип Хамонд, министерот за правда Дејвид Гок, министерот за економија Грег Кларк, за Северна Ирска, Карен Бредли, како и неколку помлади министри.