Салами: Ќе му зададеме болен удар на Израел доколку го нападне Иран
Командантот на иранскиот корпус на Исламската револуционерна гарда (ИРЦГ) Хосеин Салами денеска се закани дека Иран ќе му зададе „болен удар“ на Израел доколку изврши напад врз таа земја.
„Ако направите грешка и ги нападнете нашите цели во регионот или Иран, ќе ви зададеме болен удар“, рече Салами, откако Израел објави дека ќе одговори на иранскиот ракетен напад од 1 октомври.
Тој исто така нагласи дека напредниот систем за противвоздушна одбрана што САД го инсталираа во Израел нема да ја спречи иранската одмазда, објави „Ал Џезира“.
За време на нападот врз Израел, Иран истрела речиси 200 балистички ракети, пренесува Танјуг.