ПЕНДАРОВСКИ: ИСЕЛУВАЊЕТО Е ЕДНА ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ЗАКАНИ ЗА НАШАТА НАЦИОНАЛНА БЕЗБЕДНОСТ
„После години поминати во следење и анализа на катастрофалните демографски индикатори, треба да разбереме дека иселувањето е една од најголемите закани за нашата национална безбедност“, изјави денеска во своето годишно обраќање пред пратениците претседателот на државата Стево Пендаровски.
Овој страшен паразит може да биде причина за папиломи
Решението, според него е, час поскоро, со натпартиски консензус да усвоиме стратегија за справување со овој огромен проблем.
„За ова, сите партии и политичари имаме идентичен став затоа што се иселува нашата младост, независно од етничката или партиската припадност. Неповратно заминува паметта, енергијата и креативноста на цели генерации кои имаат огромен потенцијал да ја направат својата земја пристојно место за живеење“, потенцира Пендаровски.