| |

ЗАЕВ : ВЕРУВАМ ДЕКА РЕФЕРЕНДУМОТ ЌЕ БИДЕ УСПЕШЕН

Верувам дека референдумот ќе биде успешен. Мнозинството граѓани и политички субјекти веќе се профилираа во една коалиција за европска Македонија, а тоа ќе донесе стабилност и напредок и во нашата држава и во целиот регион.

На средбата со министерката за одбрана на Република Словенија, Андреја Катич, истакнав дека немаме веќе отворени прашања со ниту еден од соседите, се развиваме како едно општество за сите, каде што сите граѓани, независно од етничката припадност се со еднакви права и обврски пред законот. Работиме посветено на реформите во правосудството, во безбедносните институции, новите закони за медиумите се во Собранието. Граѓаните на Македонија ќе живеат европски и демократски како развиениот свет



Слични Објави