|

Д-Р ПЕТЛИЧКОВСКИ: ЗА ДА ИМАМЕ КОЛЕКТИВЕН ИМУНИТЕТ, ТРЕБА ДА СЕ ВАКЦИНИРААТ ПОЛОВИНА ОД ГРАЃАНИТЕ ШТО НЕ ПРЕЛЕЖАЛЕ КОВИД-19

За да се постигне колективен имунитет во земјава, треба да се вакцинираат половина од граѓаните кои не прележале ковид 19, вели за Слободен печат, директорот на Институтот за имунологија, професор доктор Александар Петличковски. Според него, предвидувањата на министерот за здравство Венко Филипче, дека колективен имунитет ќе имаме до крајот на летото е сосема можно да се остварат, но за таа цел дневно ќе треба да се аплицираат барем 10 илјади вакцини и тоа во континуитет.

-Ние претпоставуваме дека во моментот над 50 проценти од општата популација, а можеби и до 60 проценти, според статистичките пресметки, има остварено имунитет. Најголем дел од нив го оствариле имунитетот, заради прележување на болеста. Тоа се речиси милион луѓе.

Целиот напис прочитајте го овде.



Слични Објави