| | |

(Видео) 15-ти Марш на ангелите во Кочани со повик до Мицкоски и останатите политичари

Голем број родители, роднини и пријатели на 63-те жртви од пожарот во Кочани денес го одржаа петнаесеттиот по ред протестен марш „Марш за ангелите“, јавува БГНЕС. Во тешка тишина, тие повторно излегоа на улиците на Кочани за да ја изразат својата болка и да упатат јасно барање – правда за загинатите и одговорност од институциите.

Пред зградата на Општина Кочани, Драги Стојанов – татко на 21-годишниот Томче Стојанов, кој го загуби животот во трагичниот пожар, им се обрати на присутните во име на семејствата на жртвите.

Стојанов остро ги критикуваше општинските власти и советниците, обвинувајќи ги за целосна незаинтересираност и игнорирање на семејствата. Тој упати и апел до политичките партии да не ја користат нивната болка за дневно-политички цели.

Непосредно пред почетокот на маршот, Граѓанското здружение „16 март 2025“ – Кочани го повика премиерот Христијан Мицкоски да го објави целaта видеоснимка од средбата одржана на 7 јули 2025 година, кога, според нив, тој им кажал да „ја одредат цената на своите деца“.



Слични Објави