ГЕРМАНИЈА ВЕЌЕ ОД СЛЕДНИОТ МЕСЕЦ ПОЧНУВА СО ВАКЦИНИРАЊЕ
Германија веќе од следниот месец би можела да почне со вакцинирање на населението против Ковид-19. Ова го најави денеска германскиот министер за здравство, Јенс Шпан.
„Постои причина за оптимизам дека вакцината ќе биде одобрена оваа година во Европа. И тогаш можеме веднаш да почнеме“, рече Шпан.
Тој додаде дека барал од германските сојузни држави да подготват центри за вакцинација до средината на декември.
„Подобро центрите за вакцина да бидат подготвени порано, отколку да имаме одобрена вакцина која не може да се користи“, додаде министерот, кој истакна дека Германија веќе обезбедила 300 милиони дози на вакцини преку Европската комисија.

