|

„МАМУТСКА ОПЕРАЦИЈА“ НА УНИЦЕФ ЗА ИСПОРАКА НА ВАКЦИНИ ЗА КОВИД-19

Агенцијата за деца на ОН, УНИЦЕФ соопшти дека планира да испорача 2 милијарди вакцини за ковид-19 и милијарда шприцеви следната година во „мамутска операција“ која опфаќа 92 земји во развој, јавува Радио Слободна Европа.

УНИЦЕФ, кој е најголемиот купувач на вакцини во светот, вообичаено набавува повеќе од 2 милијарди дози вакцини годишно за рутинска имунизација и одговор на епидемијата во скоро 100 земји.

„Оваа невидена операција вклучува координација на илјадници пратки со различни побарувања што го прави УНИЦЕФ експерт за управување со снабдување на производи со контролираната ниска температура, што е особено потребно за време на овој историски потфат“, соопшти Агенцијата.

Целиот напис прочитјте го овде.



Слични Објави