Поранешниот српски претседател и лидер на Социјалдемократската странка (СДС), Борис Тадиќ на прес-конференција по повод „аферата прислушување“ порача дека доколку обвинителството не покрене постапка за тоа кој кого прислушувал, ќе покаже дека е под апсолутна контрола на Александар Вучиќ.
,,Сè што Вучиќ кажа за мене и за прислушувањето е ноторна лага и тој лаже секојдневно”, рече Тадиќ. Според него, Вучиќ излажал дека ја отстранил ознаката за државна тајна пред да ги прикаже документите за прислушување пред јавноста на ТВ Пинк, затоа што тоа се прави со посебен чин и се објавува во Службен весник, а не пред камери.
Извор: Макфакс