| |

ВЛАДАТА ГИ УСВОИ НАЦРТ-АМАНДМАНИТЕ ЗА УСТАВОТ, СОБРАНИЕТО НА ПОТЕГ

Владата ги усвои нацрт-амандманите на Уставот на Република Македонија и ги достави до Собранието, а пленарната седница ќе се одржи на 1 декември, додека седницата на собраниската Комисија за уставни прашања ќе ја започне својата работа на 7 ноември.  Два од нацрт-амандманите се однесуваат на замена на зборот Република Македонија со Република Северна Македонија секаде во Уставот, освен во членот 36 каде има историски аспект, а во Преамбулата на Уставот се заменуваат одлуките на АСНОМ со Прогласот од Првото заседание на АСНОМ и се додава Охридскиот рамковен договор да биде конститутивен елемент на државата. Во третиот амандман се додава само еден став, а тоа е  Републиката го почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави, додека во четвртиот амандман, покрај потврдување на македонскиот идентитет, стои дека Републиката ги штити правата и интересите на своите државјани кои живеат или престојуваат во странство и ги унапредува нивните врски со татковината.

Слични Објави