ПАТРИОТИ И ПРЕДАВНИЦИ

Истакнато Краток спој Позиција

Асаф Адеми освен што е Албанец и министер за култура не јаде стекови од бизон, коњ и елен во сос од вргањ на државна сметка.

Асаф Адеми според податоците објавени од Министерството за култура за 5 месеци на функцијата министер потрошил точно 9, 851 денар, пари на граѓаните, или помалку од 2000 денари месечно. Адеми отишол еднаш до Тирана и еднаш до Франкфурт, потрошил малку над 7000 илјади денари за авионска карта. Министерот Албанец, кој нели според „патриотите“ на дување, би требало да биде исконски непријател на македонштината и народот… потрошил некакви мизерни 2,565 денари за куроташачење во бифето на министерството.

Од што „тесто“ е направен Адеми не знам. Бил менаџер на компанија, која од 2 вработени стигнала до 100-на ангажирани луѓе, бил амбасадор во Данска и ете го сега им дели лекции на своите колеги како на дело се покажува патриотизмот. Министерот Адеми е свесен дека граѓаните се убиени од давачки за да можат некои да се луксузираат и го дава својот личен пример.

На министерот Адеми му замерија за тоа што не му се допадна филмот на Јани Бојаџи „Ругање со Христос“. За сагата околу тоа уметничко дело се напиша и кажа многу. Авторот можеби со право ги обвинуваше надлежните институции во фашизам. Можеби министерството за култура не требаше да му „прави“ толкава реклама на филмот? Не знам. Ако филмот е од типот на „Трето полувреме“ и има за цел да сатанизира одредена етничка група супер ќе го ставиме во таа графа и толку, ништо страшно. Сме го јаделе веќе тој подгреан грав со мазохистичката желба на Македонецот во секоја една приказна да биде од страната на жртвите.

На Адеми му замерија и за тоа дека написите на сајтот на Министерството за култура се објавуваат и на македонски и на албански јазик. Алал нека му е. Сите објави нека бидат на албански, барем не ни ги „наплаќа“ со илјадници евра. Нека работи министерот домаќински и да не се курнази со скапи јадења на наша сметка, па ние ќе си ги затвориме очите за јазикот. Така би било фер нели? Тој прави „компромис“ и наместо да тера шваљерај со службениот број, културно сам си го плаќа мобилниот. Фино нели?

Адеми не е иновативен како снаата на Цветанка Ласкова. Асаф не распишува тендери за лубриканти и пиво. Негови блиски не заминале на студирање во странство на државна сметка. Адеми потрошил помалку од 50 евра за 5 месеци во бифето на Министерството со што раководи.  Помалку од 10 евра на месец… ало Хјустон ви хев а проблем. Ви хев а домаќин министер. Адеми нема потрошено ни денар за службено возило… а еден министер  пред него си ја развозуваше шваљерката низ град со службено возило, и му отвораше работа на Латас да го „вади“ со приказни за мали деца дека бил бркан од мафијаши. Тоа само како потсетување го пишувам.

Знаете што? Јас сум му лут на Африм Гаши. Си ги чува адутите во ракав и не ги остава да им дадат пример на антизападниве патриоти и на европски расположениве расипници.

Господине Гаши, пуштете уште 2-3 деца како ова и ако ја правиме Македонија држава да ја правиме, а ко не, тогаш сите нека си ебеме матер на некаде и да не го трошиме бадијала и онака загадениов воздух.

Господине Адеми… не знам каква е Вашата лична идеолошка определба. Идеологијата на Вашата партија е премногу комплицирана за да биде сфатена од мојот едноставен мозок. За мене Вие сте министер за пример и како десничар сметам дека сите десничари во Македонија треба да земат пример од Вас. Господине Адеми, според мене Вие сте патриот, а сите државни функционери кои  трошеле и трошат пари на граѓаните за луксузирање се предавници. Толку имав да кажам.

Автор: Батко Тане