| |

ЗАЕВ ВО ПОСЕТА НА КАВАДАРЦИ И НЕГОТИНО

Заедно со Заменик претседателот на Владата задолжен за економските ресори Кочо Анѓушев синоќа имавме уште една средба со граѓаните на Кавадарци и Неготино.

Со градоначалниците, со советниците и со нивните претставници во Собранието на РМ, како и со менаџерите на компанијата ИГМ од Кавадарци, разговараме за да најдеме заеднички прифатливо решение за да може да се реализира инвестицијата на ИГМ и нивниот партнер, компанијата JSW.

Тука беа и граѓанските еколошки организации.

Нема прашање што нема решение. Нема подобар начин за решавање на отворени прашања од тоа да се обезбеди еднаков и заенички пристап на сите засегнати.

Со добра волја ќе најдеме решение во полза на интересите на граѓаните, животната средина и во функција на локалниот економски развој. Бараме решение за да може да работи фабрика за ладно валање која користи чисти еколошки енергенси, струја и гас, вредна 60 милиони евра и со нови работни места за 250 жители од регионот, се вели во официалната страница на Зоран Заев.

Слични Објави