| |

ВЕНКО ФИЛИПЧЕ : СЕ ЗГОЛЕМУВА ПЛАТАТА НА 19.123 ВРАБОТЕНИ ВО ЈАВНОТО ЗДРАСТВО

На 19.123 вработени во јавните здравствени установи им се зголемува основицата за плата за 5%.

Зголемувањето ќе започне да се применува со исплатата на септемвриската плата и тоа значи реализација на уште една точка од Програмата за работа на Владата.

Со потпишувањето на оваа Спогодба од страна на Министерство за здравство / Ministria e Shëndetësisë и Самостојниот Синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на Република Македонија, ќе се зголеми основицата за пресметување на плата за вработените во ЈЗУ од 12.654 денари на 13.286 денари, што претставува зголемување за 5%.

Потребните средства за зголемување на износот на најниска плата изнесува 469.935.384 денари на годишно ниво, а на месечно 39.161.282 денари за 19.123 вработени во јавните здравствени установи. Пресметките се направени врз основа на податоци од исплатена бруто плата во месец мај 2018 година.

Со оваа мерка, Влада на Република Македонија уште еднаш покажува иницијатива и заложби за задржување на здравствените работници во јавното здравство и во нашата земја.

Сметаме дека со зголемувањето на надоместокот за прекувремена работа, дежурство и ноќен труд, како и зголемувањето на платите од септември значително ќе ја подобри положбата на сите работници во здравствениот систем.

Дополнително, во таа смисла би сакал да потенцирам дека работиме и вложуваме напори во подобрувањето на инфраструктурата на објектите во јавните здравствени установи, посебно во доменот на нивно осовремување со квалитетна медицинска опрема.

Сметаме дека сето ова ќе преставува дополнителен мотив за Колегите – здравствени работници во давањето квалитетни здравствени услуги и секако, нивна лична одлука за продолжување со професионален ангажман во Република Македонија.

Како надлежно Министерство заедно со Владата работиме во реализација на зацртаните програми во, според мене, најкомплексниот сегмент од нашето Општество.

Слични Објави