|

ЏОЗЕФ ДОЛ, КРИСТОФЕР ХИЛ И КЕТРИН ЕШТОН ДОАЃААТ НА КОНФЕРЕНЦИЈА ВО СКОПЈЕ

На големата конференција на тема: Евроатлантски перспективи на Република Македонија во организација на Интернационалниот републикански институт (ИРИ) и Институтот за одржливо управување Македонија 2.0  која ќе се одржи во хотелот Холидеј Ин на 14 септември (петок) ќе присуствуваат неколку еминентни претставници на меѓународната заедница.

На конференцијата во својство на говорници се поканети да учествуваат Џозеф Дол – претседател на Европската народна партија (ЕПП), Кристофер Хил – првиот амбасадор на САД во Република Македонија од независноста и еден од клучните преговарачи на САД во преговорите со Северна Кореја, Елмар Брок – пратеник во Европскиот парламент и претседател на Комитет за надворешна политика при Европскиот парламент и Кетрин Ештон – поранешна висока претставничка за надворешна политика и безбедност на Европската унија.

Слични Објави