| | |

Схинас пред Милена Милотинова: Нема шанси Европската унија да прими нови земји со нивните проблеми, проблемите треба да се решат пред да станат дел од семејството

„Како што знаете, системот што се применува за какви било преговори за проширување на ЕУ е принципот „регата“. Како и во регата на море, секој плови истовремено, но завршувањето зависи од способностите и вештините на капетанот и екипажот; временските услови, условите на морето, така што нема услов сите да започнат и да завршат во исто време Системот „регата“ значи дека тие земји се подготвени да ги исполнат барањата за проширување во однос на 35-те преговарачки поглавја, а кога тие бидат готови – влегуваат. Толку е едноставно. Нема ветување или услов за колективно проширување со сите. Правилата се исти, важат за сите, а кога ќе ги исполните – се придружувате”, вака заменик-претседателот на Европската комисија Маргаритис Схинас одговори на прашањето на позната бугарска новинарка Милена Милотинова во однос на РС Македонија и проширувањето на Европската Унија

На прашањето, доколку РСМ не гласа за измените на Уставот и во него не ги вклучи Бугарите, меѓу другите делови од народите во земјава, како што е договорениот предуслов според европската преговарачка рамка, дали Албанија ќе продолжи самостојно по патот на европските преговори, како што се коментира во последно време или не, Схинас го изјави следното:

„Република Северна Македонија веќе еднаш го измени својот Устав – за името на државата, за да го одрази Договорот од Преспа. И сега повторно се предложени нови уставни измени за да се одрази она што е договорено со Бугарија. Она што останува е гласањето во Парламентот на Северна Македонија, а тоа одговара на договореното. Не сакам да прејудицирам што ќе се случи. Брисел и комесарите не треба да се мешаат во уставните и политичките работи ниту на земјите-членки, ниту на потенцијалните земји-членки. Но, овој процес, колку што јас знам, е во тек на имплементација, не е нешто што е запрено или напуштено. Уверен сум дека Северна Македонија ќе го преземе овој одлучувачки чекор неопходен за почеток на преговорите. И ако го сторат, ќе имаат можност за преговори и членство. И во случајот со Албанија има многу барања што нашите пријатели Албанци треба да ги исполнат“.

На прашањето дали РСМ во моментов го спроведува договорот од Преспа потпишан со Грција, заменик-претседателот на ЕК изјави:

„Имплементацијата на меѓународните договори е апсолутен минимум што се бара од земјите-членки и мислам дека Северна Македонија е на тој пат. Но, дозволете ми да бидам многу јасен: по многуте непријатни искуства што ги имавме во минатото, нема начин нова земја да влезе во ЕУ без да ги има решено сите нејзини проблеми поврзани со историјата, уставните промени и реформите. Нема шанси Европската унија да прифати нови земји со нивните проблеми.Овие проблеми треба да ги решат пред да станат дел од семејството. “



Слични Објави