Раководствата на македонските, бугарските и албанските железници на состанок за Коридор број 8
Паневропскиот транспортен коридор број 8 ќе биде во фокусот на трилатералниот состанок на раководствата на бугарската Национална компанија „Железнична инфраструктура“, Македонски железници – Инфраструктура и компанијата Албански железници, јавува БНР.
Настанот е продолжение на Самитот „Три мориња“ и ќе ги претстави стратегиите на трите компании за имплементација на еден од десетте паневропски коридори за транспорт – оној што го поврзува Јадранското море со Црното Море преку Албанија, Северна Македонија и Бугарија.
Се очекува да биде потпишан и трилатерален договор за соработка и изградба на железничкатата врска меѓу Јадранското и Црното море.

