| |

Еврокомесарката Захариева ќе се сретне со новата бугарска влада

Европската комесарка за старт-ап, истражувања и иновации Екатерина Захариева во петок пристигнува во посета на Софија, јавува БГНЕС.

Таа ја избра Бугарија за нејзината прва официјална посета на земја членка на Европската унија за да и честита на новата бугарска влада и да ја изрази подготвеноста на Европската комисија да работи со премиерот Росен Желјазков и неговиот тим за стабилна и просперитетна Бугарија во силна Европа.

Захариева и делегацијата предводена од неа ќе се сретнат со претседателот Румен Радев, со премиерот Росен Желјазков, со вицепремиерот и министер за иновации и раст Томислав Дончев, со министерот за образование и наука Красимир В’лчев, со министерката за финансии Теменужка Петкова и со министерот за надворешни работи Георг Георгиев.

Слични Објави