Светиот синод на Бугарската православна црква ги бира тројцата митрополити, од кои еден ќе биде избран за нов бугарски патријарх
Точно во 9 часот почна седницата на Светиот синод на Бугарската православна црква на која треба да биде одлучено од кои тројца митрополити ќе биде избран новиот патријарх на 30 јуни, јавува БНР.
Според статутот на БПЦ, тие мора да бидат со навршени 50 години, да раководеле со епархија како митрополити најмалку 5 години, да бидат познати како пример со своите ставови во однос на црковните прашања и со својот живот оддаден на верата. Овие критериуми ги исполнуваат 9 од вкупно 14 митрополити. Станува збор за митрополитот на САД, Канада и Австрија – Јосиф, митрополит Григориј Великотрновски, митрополит Игнатиј Плевенски, митрополит Гавраил Ловчански, митрополит Николај Пловдивски, митрополит Јован Варненски, митрополит Наум Русенски, митрополит Григориј Врачански и митрополит Данаил Видински.
Уште во март, митрополитот Николај изненадувачки одби да учествува на изборите.
Утрово и најстариот меѓу митрополитите – Јосиф најави дека ќе побара да биде избришан од листата на можни кандидати, за да не мора наскоро повторно да се одржуваат избори за патријарх. Дали барањето на двајцата митрополити ќе биде прифатено од Синодот не е јасно. Нивниот избор се врши со широк консензус или квалификувано мнозинство од вкупниот број митрополити, што е 14.
Откако ќе се утврдат имињата на тројцата, меѓу кои следната недела ќе биде избран новиот бугарски патријарх, Светиот синод излезе во јавност со официјално соопштение.

