| |

ВМРО-ДПМНЕ: НЕСПОСОБНОСТА НА ВЛАДАТА НА СДСМ ЗА ОВИЕ 14-ТИНА МЕСЕЦИ ИЗЛЕЗЕ НА ВИДЕЛИНА, ЗА ТОА ДОКАЗ СЕ КАТАСТРОФАЛНИТЕ БРОЈКИ

Денеска, додека СДСМ го пишувале апсурдното соопштение во кое што ги убедуваат граѓаните дека економијата цвета, се чекаат редици за поврат на ДДВ, просечната плата е 30 000 денари, докторите земаат по 150 000 денари и сите се возиме по новите 600 километри автопат, Македонија ја задолжуваат за нови 300 000 евра. Толку е дневното задолжување изминативе три месеци или вкупно за вториот квартал Зоран Заев ја задолжи Македонија за нови 30 милиони евра, а капиталните инвестиции се на најниско ниво во изминативе 15 години што е повеќе од јасен показател дека расипничката власт парите на граѓаните ги троши само за луксузирање, се вели во соопштението на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Неспособноста на Владата на СДСМ за овие 14-тина месеци излезе на виделина. За ова доказ се катастрофалните бројки. За последниот квартал раст на БДП бележи само 0.1%.

За реализација на капиталните инвестиции од бедни 16.65% мора да има и одговорност. Оправдувањата на владата на Зоран Заев дека проектите наводно не чинеле, се банални и смешни бидејќи ја има власта повеќе од една година, доволно време да ревидира, доколку навистина била потребна корекција.

Економијата во Република Македонија стагнира и е со најниска стапка на раст во регионот и пошироко.

Додека па растот на индустриското производство е уште еден доказ за добрите економски политики на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и ефектите од креирањето бизнис клима во која што странските инвеститори би биле мотивирани да работат во ТИРЗ.

Откако СДСМ е на власт граѓаните осиромашуваат, и се обидуваат да состават крај со крај, а врхушката на власт се луксузира на грбот на народот преку наводни иновации, купување на луксузни автомобили и сомнителни тендери.

На овој економски пустош спроведуван од актуелната влада мора да се стави крај, се вели во соопштението на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.



Слични Објави