SONY DSC

ЗАМЕНИК ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ПАРИЗ ВО ПОСЕТА НА БИТОЛА

//

Градоначалникот на Општина Битола, м-р Наташа Петровска, оствари средба со заменик градоначалникот на францускиот главен град Париз, Кристоф Најдовски.

Најдовски по потекло е битолчанец, кој е роден и живее во Париз. Како заменик градоначалник е задолжен за мобилност и превозво Париз. Токму организацијата на превозот и сообраќајот во градот беше тема на разговор на средбата помеѓу Петровска и Најдовски. Истотака, беа разгледани и можностите за идна соработка во повеќе области и размена на позитивните искуства од двете страни.

Кристоф Најдовски, како припадник на партија која во прв план ја има заштитата на природата, посебно се интересираше за развојот на Пелистер, особено за напредокот во екотуризмот и велосипедизмот, бидејќи Битола се повеќе е присутна на мапата на светските дестинации за екотуризам и велосипедизам.



Соговорниците постигнаа согласност за во споставување на поголема соработка, размена на искуства во организацијата и спроведувањето на дел од активностите на локалната самоуправа.

Претходна статија

СДСМ: РЕКОРДНИОТ ИНДУСТРИСКИ РАСТ ОД 12,1 ОТСТО ВО ЈУНИ 2018 ГОДИНА, ПОТВРДУВА ДЕКА ЕКОНОМИЈАТА СЕ ДВИЖИ ВО НАГОРНА ЛИНИЈА

Следна статија

ВМРО-ДПМНЕ: НЕСПОСОБНОСТА НА ВЛАДАТА НА СДСМ ЗА ОВИЕ 14-ТИНА МЕСЕЦИ ИЗЛЕЗЕ НА ВИДЕЛИНА, ЗА ТОА ДОКАЗ СЕ КАТАСТРОФАЛНИТЕ БРОЈКИ

Најново од Вести