КИЧЕВСКИОТ ПРИЗНА ВИНА ЗА „РЕКЕТ“, БОКИ 13 И КАТИЦА НЕ ПРИЗНАВААТ
Бојан Јовановски и Катица Јанева на денешното судење за случајот „Рекет“ не признаа вина, но тоа го стори третообвинетиот Зоран Милевски Кичевец, пренесува Фокус
На прашањето од судијката дали чуствува вина тој одговори со „Да“.
За него постапката ќе се раздвои, по што наскоро ќе следува и пресуда.
Јанева на прашањето дали чуствува вина одговори „ Ниту тронка вина не чуствувам“.
Судењето е во тек.
