| |

СПАСОВСКИ: УСЕИНИ СЕ ОДНЕСУВАЛ КРАЈНО НЕОДГОВОРНО И НАСИЛНИЧКИ

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска изјави дека полицијата презема мерки во врска со последниот инцидент што го предизвика охридскиот советник и бизнисмен Нефи Усеини, кога истиот го нападна физички професорот од ДУТ, Илијаз Илијази и истакна дека по целосното комплетирање, случајот ќе биде предаден до Обвинителството за натамошно постапување.

Како одговор на новинарско прашање до каде е до каде е случајот со инцидентот направен од страна на Усеини, министерот за внатрешни работи Спасовски истакна дека Усеини се однесувал крајно неодговорно, насилнички. Спасовски ја информираше јавноста дека Усеини е повикан во полициска станица, земени се изјави, а се земаат изјави и од други сведоци очевидци на целиот настан и сите елементи што ќе бидат исполнети за кривично дело ќе бидат доставени до Јавното обвинителство.

Спасовски го повика Јавното обвинителство да постапува против насилничкото и незаконско однесување на сите без разлика кој од каде доаѓа.

Слични Објави