(Видео) Ноев: Бугарија бара од РС Македонија рамноправен третман на македонските Бугари

///

„Бугарија не бара ништо повеќе од тоа македонските Бугари да добијат рамноправен третман со Албанците, Србите, Македонците, Ромите итн“, изјави поранешниот министер за одбрана и дипломат од кариерата, Бојко Ноев, во емисијата „Алтернативата“. Ноев истакна уште дека барањето за влез на македонските Бугари во македонскиот Устав е нивно барање, што треба Бугарија да го поддржи.

„Тоа не го барам јас, тоа го бараат македонските Бугари и Бугарија треба да ги поддржи. Софија и Скопје го оставаат впечатокот дека треба да разговараат за нешто, македонските Бугари се дел од тој разговор, но тие досега не се канети на тие разговори“, истакна Ноев.

Што уште кажа бугарскиот дипломат и член на Иницијативниот комитет што ја издигна кандидатурата на претседателот Румен Радев за нов претседателски мандат, погледнете во видеото што следи:




Претходна статија

Организации на македонските Бугари: Моментот е историски, Бугарија треба да биде цврста и упорна

Следна статија

Обвинетата девојка за помагање во убиство на Пино повторно осудена на 19 години затвор

Најново од Вести