ДЕВЕТМИНА ВОЛОНТЕРИ ЌЕ ПОМАГААТ ВО КУМАНОВСКАТА БОЛНИЦА

Во Општата болница во Куманово од денеска со волонтерска работа ќе започнат девет лица, кои ќе им помагаат на пациентите и медицинскиот персонал во справување со коронавирусот, пишува kumanovonews.

loading...

Волонтерите ќе бидат ангажирани на Инфективното одделение во техничкиот дел од работата, односно ќе носат кислородни боци, транспорт во количка и нега на пациенти, чистење или готвење храна.

Волонтерската акција ја иницираше пратеникот Мартин Костовски, откако два дена волонтираше во болницата, а потоа со свои пријатели отворил фејсбук група „Волонтирај за Куманово“, за да се вклучат што поголем број на граѓани. За само два дена од повикот се пријавиле девет волонтери, во првиот ден седум, а во вториот двајца.

– Јас бев првиот волонтер во болницата, со својот личен пример сакав да ја разбудам свеста кај останатите мои сограѓани. Мислам дека сите имаме обврска со нашето волонтирање да им помогнеме на болните и им дадеме поддршка на вработените, да бидеме со нив, да можат и тие да ги наполнат батерииите, бидејќи се на крајот од своите сили. Од ден на ден сѐ поголем број на кумановци пристапуваат кон оваа идеја и голем број ќе биде ставен на услуга и функција на Инфективното одделение во Куманово – изјави Костовски.


loading...

Тој ги повика сите здрави, млади луѓе, како и они коишто го прележале коронавирусот и имаат имунитет, да се пријават и да не се плашат, бидејќи ќе добијат соодветна заштитна опрема, маска, скафандери, ракавици додека учествуваат во работата.

Кумановската болница во овој момент има најголема потреба од помошен перснал, пред се болничари и хигиеничaри, поради што директорката побара помош од АРМ и нови вработувања.