| |

Во Софија одбележани 151 година од раѓањето на големиот македонски Бугарин полковник Борис Дрангов

Граѓани се собраа пред споменикот на полковникот Борис Дрангов во дворот на Воената академија „Г.С.Раковски“ за да ја одбележат 151-годишнината од раѓањето (во нов стил) на големиот бугарски патриот, воен и теоретичар, јавува БГНЕС. Настанот го организира Сдружението на бугарските родови од Македонија.

Адвокатот и доктор по уставно право Љубомир Талев, за БГНЕС изјави дека полковникот Борис Дрангов треба да го паметиме како исклучително голем Бугарин, како патриот до срж, бидејќи во текот на животот се водел токму по тоа- патриотизмот. „Тој е роден скопјанец, бугарски офицер кој учествувал во Илинденско-Преображенското востание и во војните за национално обединување – двете балкански војни и Првата светска војна, кога херојски загинал водејќи ја одбраната на кота 1050 во битката за Црна Река“, рече тој.

Почит на полковникот Борис Дрангов му оддаде и маестро Христо Христов, потомок на Гоце Делчев. Тој за БГНЕС објасни дека треба да се потсетиме и да земеме пример од подвигот на полковникот Дрангов, бидејќи тоа што го направил тој се вика храброст.

„Не познавам толку многу храбри луѓе. Тој е еден таков пример, човек кој знае дека идејата е повеќе од животот, повеќе од она по што се стреми секое живо биолошко суштество. Идејата, причината, татковината – еве, затоа сум тука, поради него, поради оваа идеја, да бидам малку поблиску до овие луѓе, на кои идејата, оваа голема идеја им е при срце“, рече маестро Христов.

Милена Борисова истакна дека полковникот Борис Дрангов бил учител по воени работи и предавал во воената школа во Скопје.

„Учествувал во војните за национално обединување и го дал животот за идејата за обединета Бугарија“, се присети таа и повика да земеме пример од таквите големи Бугари.

Слични Објави