| |

Компромитацијата како инструмент на демократијата

Христо Михајлов

Но што е тоа компромитација. Постои толкување на глаголот компромитирам т.е претставувам некого или нешто лошо, го подривам личното достоинство на некого. Компромитацијата се појави со демократијата и стана нејзин незаменлив сопатник. Таа е измислена, исценирана или дејствителна вина, обично на некоја политичка или пак раководна фигура, разоткриена и распространета се со цел да го искомпромитира. Во сознанието на луѓето битува, дека компроматот е всушност нешто,  кое што не е  верно и цели да го омаловажи оној, кон кого што е адресиран, т.е. Адресатот е добар, а подателот е лошиот. Но медалот си ја има и обратната страна.

Во минатото противниците  на власта биле набивани на колец, сетне гилотинирани, бесени или стрелани. Тоа веке сега го нема, затоа што во демократските времиња местото на тие оружја го зазеде компромитацијата. Таму каде што нема реална компромитација таа се измислува, и кога едната компромитација не фака дикиш, се бара друга, се бара местото каде што противникот е најранлив. Најважното е да му биде откината главата не во директна, туку во преносна смисла. И тогаш со политичарот е завршено, тој е смачкан неговата репутација и добро име се комрпомитирани  неповратно.

Славољубието, стравот љубовта и парите… ете каде се целат авторите на компромитациите. Има многу разновидности на компромитациите, но две се најважни- таквите, коишто излегуваат на бел свет, и такви коишто се наоѓаат  во латентна состојба. За првите знаат буквално сите, додека за вторите само нивниот автор и лицето, против коешто се насочени. Возможно е првиот  вид на компромитации  да се активираат, после откако заканата од вторите не го дала чеканиот ефект испратена врз адресата. Компромитацијата турка од власт или го спречува доаѓањето на власт и тоа е нејзината основна функција, а кај нас се исползува и да се крепат влади. Но компромитацијата како таква може  и да дава власт. Зашто да не се допушти хипотезата, дека оној или оние коишто ја поседуваат, би можеле да се искачат доста нагоре по врвовите на власта. И тој истиот лојално да им служи, а ако започне да води посамостојна политика, веднаш му се напоменува каде и што некој има за него.

На Запад, кога некој ке објави, дека се кандидатира за некаков општествен пост, започнува неговото проучување, во детали. Таа работа се врши главно од новинарите, бидеjќи општеството треба да биде сигурно дека тој кандидат  е чист и дека не може да биде уценуван заради некакво стапнување на криво во минатото. Така тој ќе биде во состојба да зема автономни решенија, та дури и да се открие некакво темно петно во неговата биографија, тоа се исчистува во предизборната кампања. И кога дадениот политичар ке биде најпосле избран, тоа петно не ке може да биде исползувано против него како комрпомитација тоа е веке извесно, а може и да се смета како плус во одредени околности…

Кај нас веројатноста за прилагање на компромитацијата е далеку посилна, после откако кандидатот ќе дојде на власт. Нашите избрирачки листи се такви, што во нив на често пати влегуваат светски неизвесни анонимци. Тоа е бомба со закаснител, компромитацијата може лесно да експлодира, кога тој неизвесен стане извесен во парламентот или во владата.Многу луѓе како да не сакаат да разберат, дека политиката не е сфера на моралот и таму дилемите се жестоки и треба да се избира меѓу поголемото и помалото зло. За приложување на правните категории воопшто и да не зборуваме, бидејки тие просто не работат при таа сложена дилема. Следователно, во таквите случаи првенствена и определувачка ролја треба да има политичкиот приод, а не правниот бидејќи првиот приод предлага разумен излез, а вториот не се интересира за него. Тоа коешто го набљудуваме веке 30 и кусур години кај нас, само ни го покажува непознавањето на политичката психологија од страна на играчите во војната со компромати. Но тука ни изникнува  и едно мошне важно прашање- дали медиите прозиведуваат компромитации, или пак тоа го прават самите учесници во војната, а медиите само ги тиражираат.

Ако медиите распотраниле некаква своја информација, којашто се сфаќа како компромитација, тие си ја носат одговорноста. Но тоа не е така, кога информацијата иде од извесна во општеството личност, којашто излегува со своето име и весникот само ја тиражира. Нема поголема грешка во пропагандата од тоа да се уништуваат пункт по пункт аргументите на противникот, зашто на тој начин се влегува во неговата шема и  излегување  од стапицата нема. Подобро е да се направи паралелна шема засегнатиот да зборува за истото, за коешто и неговиот противник, но сеедно, како да тој противник не постои. И кога се даваат две различни објаснувања, при тоа апсолутно спротивставени, луѓето си велат не може да бидат вистински и двете нешта. Па така едниот од системите се руши и останува оној којшто е подобро изграден. Учесниците во нашата компромитирачка војна како да си плукнале во устата, взаемно  се одрекнуваат и се нешто не уверуваат, дека божем нема да слезат на ниво на плоштадни компромитации. Но следуваат компромитација по компромитација и тркалото ќе се врти се до крајната победа на една од страните или до загуба и на двете.

Има многу елегантни начини за компромитирање на политичкиот опонент, меѓутоа коишто не се лажица за секоја уста. Например преку полувистини, гарнирани со еден два позитивни елементи за објективност.Компромитацијата има за цел најмногу да им наштети на имиџот на познати лидери коишто општествното мнение ги асоцира со идеја со партија со државата. За тоа се измислени два механизми. При т.н, хоризонтална генерализација се пуштаат компромитации на адреса на неколку министри и не е нужно на целата влада. Но тогаш луѓето си го носат заклучокот дека сите министри се такви. Оттука се добива и т.н вертикална генерализација,  дека ѓоа и целата управувачка партија е таква. Многу често политичарите сами се втеруваат во компромитираичка замка. Илустративно, се пушта слухот, дека луѓето во раководството на партијата или во владата не можат да се поднесуваат. Обично автори на тие слухови се неколку души, прицелувајки се кон лидерскиот пост. Тие убедително разјаснуваат, дека таму горе, секој еден го дебне другиот да му забие нож во згоден момент, ништо оти се смеат на јавни места и деклрарират единство. За целта се исфабрикуваат две, а уште подобро три групировки во управувачката партија или во раководството на државата. Обично тие не се трајни и двете се готови да се обедината против третата. Тоа е колективна компромитација, којашто ни се разигрува пред нашите очи.

Во суштина најголемите компромитации за себе си ги создаваат самите политичари. Тие се самоодни компромитации, коишто на фонот на крајно бедниот македонски народ ни парадираат со нивното богатство. Нивните огромни куќи, часовниците од по неколку илјади долари тоа се такви компромитации, коишто никој не ги измислил. За сите овие изминати години нашите политичари толку многу ги искомпромитираа поимите како демократија, приватизација, плурализам итн..  Што дури го искомпромитираа  и самиот поим компромитација?! 



Слични Објави