ИНИЦИЈАТИВА ЗА ОБНОВА НА БРЕЗЈАНСКО ЕЗЕРО

//

Мештаните кои потекнуваат од планинското село Брезно формираа иницијатива за обнова на Брезјанско езеро, односно повторно да се наполни со вода. Иницијативниот одбор ги повикува оние кои потекнуваат од селото, а живеат во други градови и села во недела 6 октомври да учествуваат во акцијата за чистење на доводните канали.

-За да се наполни езерото со вода потребно е да се направи акција за чистење на трасата на доводните канали од Брезјанско езеро до месноста Соколец. Се повикуваат сите кои можат да дојдат и да се вклучат во акцијата, како и да земат алат за сечење и чистење. Потврдена е помош со механизација. Собирно место е езеро во недела од 10 часот, велат иницијаторите.



Брезно се наоѓа во рамки на општина Теарце на 538 метри надморска височина. До таму се стигнува преку селото Лешок. Во селото живеат само 8 жители. 



Претходна статија

ГЕРОСКИ: „ДРУГАРЧИЊА НА ГОТОВС- ДЕНЕСКА ЌЕ ОБЈАВАМ ЗА НЕЗАДОВОЛСТВОТО ВО СДСМ ОД ПАРТИСКОТО РАКОВОДСТВО“

Следна статија

СКОПЈАНЕЦ ВО БУГАРИЈА САКАЛ ДА ПРОШВЕРЦУВА СТАРИ МОНЕТИ И НАКИТ

Најново од Вести