| |

СДСМ: Во чии џебови заврши разликата од три пати поскапите машини купени од градоначалниците на ДПМНЕ?

Секојдневно се зголемуваат скандалите на градоначалниците од ДПМНЕ, рече на денешната прес конференција Петар Петковски, потпретседател на СДММ.

– Аферата со купувањето поскапи машини за неколкупати повисоки над реалната цела добива нов аспект. Веќе објавивме, општина Велес, раководена од ДПМНЕ купила една машина за бележење хоризонтална сигнализација за околу 42.000 евра. Еве го тој договор. За споредба, други општини, како општина Центар, купила иста таква машина, за три пати помала цена, односно околу 13.000 евра. Еве го договорот. Разликата е огромна, или точно 29.000 илјади евра! Само од една машина. Прашањето е во чии џебови завршила разликата?, рече Петковски.

Како што додаде, овој скандал се продлабочува затоа што Јавното претпријатие Дервен од Велес нема регистрирана дејност за сообраќаен инженеринг.

Според него, овие факти се основано сомнение за злоупотреба на парите на граѓаните, а СДСМ уште еднаш ги повикува: надлежното Обвинителство и Антикорупциската комисија да постапат.

Слични Објави