Запален клубот на Културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола

//

Клубот на Културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола бил запален во раните утрински часови. Само брзата реакција на пожарната спречила зградата целосно да изгори. Од фотографиите кои што се објавени на официјалната Facebook страница на КЦ „Иван Михајлов“-Битола, станува јасно дека огнот го зафатил и целосно го уништил влезот на зградата во која што се наоѓа клубот.


„Пожарот е подметнат во раните утрински часови, уништен е влезот, само брзата реакција на пожарникарите го спаси клубот од целосно уништување. На лице место дојдоа полицајци, направија записник, сите процедури беа испочитувани“, изјави за порталот Трибуна Љупчо Ѓоргиевски, претседател на Културен центар Иван Михајлов- Битола.


Од клубот велат уште дека очекуваат институциите во најбрз можен рок да го расветлат случајот и сторителите да бидат исправени пред лицето на правдата.





Претходна статија

(Видео) Проф. Матанов: Македонизмот ќе се сруши, ако прашањето со Скопје се реши на нашиот начин, тие сакаат да влезат во ЕУ прегазувајќи ја Бугарија

Следна статија

Павлов: Европската наука е на страната на Бугарија- лагата не може да биде вистина

Најново од Вести