(Видео) Перев: РС Македонија не сака решение со Бугарија, туку чека некој да изврши притисок врз Софија

//

„Пожарот беше главна вест во медиумите овие денови. Само за тоа се зборува. Најљубопитно е што бугарскиот министер за надворешни работи даде најдетален опис на човекот кој ја запали зградата. Работите се во ќорсокак. Засега нема информации „Ништо официјално не се знае“, изјави за бугарската телевизија BG OnAir новинарот и редовен колумнист на порталот Трибуна Владимир Перев.

Се’ уште е неизвесно дали вандалскиот чин е дело на едно лице, како што се гледа на видеото.

„Ова е производ на долгогодишната антибугарска политика што се спроведува во Северна Македонија. Во моментов никој на македонската политичка сцена не сака да постигне договор со Бугарија. Двете партии на власт не го сакаат тоа“, смета Перев.

Скандалозниот случај од последните денови не ги наруши односите меѓу обичните Бугари и Македонците.

„Нема дополнителна тензија меѓу народот. Бугарите разбраа што се случува со Македонија кога Борисов беше премиер, Радев – претседател, Захариева – министер за надворешни работи. Тогаш се разбраа вистинските проблеми на Бугарите. Живееме под притисок 50-60 години. “ рече Перев.



Тој не очекува спорот меѓу Бугарија и РСМ да се реши пред 2024 година кога во РС Македонија треба да се одржат парламентарни избори. Според него, дури тогаш ќе се реши и прашањето за правата на Бугарите во Северна Македонија.

„Сите знаат дека целта е да не се прави ништо до 2024 година. Имаше обиди за дијалог меѓу Бугарија и РСМ, се покажа дека тој не носи никакви решенија. Во моментов РСМ мора да ги среди односите со ЕУ. Македонија има илузија.дека некој ќе ја притисне Бугарија и таа ќе потпише што и да и кажат. Радев и Генчовска нема да отстапат, нивните позиции се јасни и прецизно кажани, без никакви скриени пораки“, коментира Перев.

Претходна статија

Русија го поддржува „Отворен Балкан“

Следна статија

Врабевски: За две седмици клубот на КЦ Иван Михајлов ќе биде обновен, ќе ангажирам детективи од Хрватска, за да помогнат во откривањето на сторителите

Најново од Вести