Уште за автокефалноста на МПЦ-ОА
Пишува: Иван Николов/БГНЕС
Еуфоријата е бескрајна, а можеби и заслужена? По толку години маки, МПЦ-ОА ја доби долгоочекуваната независност и еднаквост меѓу православните цркви. Ова е чин, кој отвора многу прашања, за кои никој во Скопје не сака ни да размислува.
Медиумите во Скопје продолжуваат да го фалат настанот. Како и секогаш, кога во РС Македонија се случува проблем чии корени неминовно се длабоки , научните факти се заменува со митови.
Меѓу многуте ентузијастички написи, ќе издвојам два кои ги повторуваат сите суптилности на одамна воспоставената лажна реалност во Белград и во Скопје.
Во опсежна анализа во весникот „Нова Македонија“, од 26 мај 2022 година со наслов „Автокефалноста на МПЦ-ОА е голема победа за македонскиот национален идентитет“, авторот Сашо Таневски во панегириски стил ја репродуцира азбуката на децениската македонска пропаганда
Авторот, како и секој неук човек по одредено прашање, го започнува текстот арогантно и триумфално:
“Со случувањата на црковен план десетина дена целосно е поразена и разобличена бугарската стратегия за негирање на македонскиот народ, неговиот jазик, идентитет и историja бидеjки Вселенската патриаршиjа признаваjки jа Охридската архиепископиjа го призна македонскиот континуитет многу подолго од она што се обидува Софиjа лажно да го промовира пред мегународните партнери…“
Прашањето зошто македонската интелигенција, особено креативната интелигенција, продолжува немилосрдно да ги повторува лагите на политичарите од 40-тите години, има јасен, прецизен и сеопфатен одговор, но никој не се осмелува да го каже гласно. Нешто повеќе. Текстовите како оние на Сашо Таневски и Венко Андоновски („Господ повторно глаголи на македонски“, Нова Македонија, 25 мај 2022 година) ја продлабочуваат кризата во македонските хуманитарни науки, истакнувајќи ги огромните научни недостатоци во националното самоспознавање. Добро, но интелектуалецот е интелектуалец, затоа што бара, не им верува на битпазарските муабети и стигнува до изворот на знаење. Парадоксално, изненадувачки, неразбирливо е како луѓе со претензии, како македонските научници, новинари, културолози, не сакаат да се мачат да ѕирнат во обилните факти на античката и средновековната научна документација. Ако го направат тоа, нема да пишуваат глупости како Сашо Таневски и Венко Андоновски. Ако, пак, се запознаени со фактите и ја заобиколуваат вистината, тогаш немаат право да се нарекуваат интелектуалци. Тие се само измамници во фенси пропагандни одела или луѓе манипулирани од сопствената ароганција.
Немаме време за губење, па ќе ве потсетам дека светлина врз настаните од таа ера фрлиле византиските автори Јован Ефески, Лав Граматик, Кекавмен, Михаил Псел. Ќе се осврнам на текстовите особено на Скилица и на Јоан Зонара, како и на извадоци од Опширното житие на свети Климент Охридски и др.
Што следи од сведоштвата на овие средновековни автори?
ПРВО. Зборот „Македонија“ како државен ентитет, концептот „македонски“ како етничка, родова или племенска дефиниција отсуствува во сите списи кои се занимаваат со прашања поврзани со раниот среден век на Балканот. Под темата (регион) Македонија во Византија ги означила земјите во Тракија околу Едрене.
ВТОРО. За црковните прашања по падот на Самуиловата држава под византиска власт, царот Василиј II Бугарскиот убиец издал три повелби – во 1019, 1020 и 1025 година.
Во првата повелба читаме: „… Затоа, како резултат на тоа, го потврдуваме пречесниот Јован да биде архиепископ Бугарски и да раководи со работите поврзани со Архиепископијата…“
Второто писмо започнува вака: „Од издавањето на оваа сигилиј за опфатот на БУГАРСКАТА епископија, најсветиот архиепископ Бугарски, тој побара од нашето царство да издаде уште еден сигилиј…
Ние, исто така, наложуваме дека сегашниот Пресвет Архиепископ на Бугарија треба да има толку голема епархија колку што била голема под цар Петар, и да владее и да управува со сите епархии во Бугарија…“
И Третата повелба: „Денешниот сигилиј на царството се дава на пресветата архиепископија БУГАРСКА, за слободно да ги поседува следните епископии“ итн.
ТРЕТО. Во Опширното житие на свети Климент Охридски Теофилакт-11 век, во поглавјето XX „Климент станува епископ“, пасус 62, го читаме следново: “След това, като се посъветвал с по-разумните от своите приближени, които всички били разположени към Климент като към свой баща, вярвали му, че само това се харесва на Бога…той ( цар Симеон – б.а. ) го назначил за епископ на Дремвица или Велика и така КЛИМЕНТ СТАНАЛ ПРЪВ ЕПИСКОП НА БЪЛГАРСКИ ЕЗИК…“
Како што гледаме, никаде не се зборува за државата Македонија, за македонскиот народ, за македонската црква, за македонските светци…
Ги повикувам господата Сашо Таневски и Венко Андоновски да ги побијат текстовите што ги цитирав, спротивставувајќи ги со „оригиналите“ што ги имаат.
Непромисленото прецртување на оригиналните документи од научници во Скопје стана сеприсутна практика. Авторите на учебникот „ Историja за прва година гимназиско образование“ от 2006 г Блаже Ристовски, Шукри Рахими, Симо Младеновски, Тодор Чепреганов и Митко М. Панов не се заштитиле од оваа погубна стратегија.
Например во поглавјето „Словенската писменост во Македониja“, стр.147-148 го читаме следниот бисер: “Методиjа, како воjвода, во 845 г. бил испратен за управник на Словенското Кнежество во Македониjа…во ова кнежество живеелe Струмjаните. Методиjа имал задача да jа осигура нивната поддршка во заштита на Македониjа ОД НАПАДИТЕ НА БУГАРИJA …“ Понатаму :“Во почетокот на 50-те години на IX век во Македониjа бил испратен и Константин. Мисиjата на Константин се состоела во помаганье на неговиот брат Методиjа за заjакнуванье на византиските позиции во Словенското Кнежество и за СПРЕЧУВАНЬЕ НА БУГАРСКИТЕ НАПАДИ…“
Спорот е непотребен. Ќе го спротивставам само текстот на Теофилакт од неговото Опширно житие на свети Климент Охридски. Во четвртата глава, Методиј во Панонија, став 15, се нагласува следново: Освен това великият Методий, тогава непрекъснато дарявал с благодеянията на словото си и БЪЛГАРСКИЯТ КНЯЗ БОРИС…“ И продължава в параграф 16:“Този Борис изобщо бил и с много здрав ум…При него и БЪЛГАРСКИЯТ НАРОД започнал да се удостоява с божественото кръщение и да се християнизира. Когато тези светци, имам предвид Кирил и Методий, видели, че има много вярващи…но че те напълно са лишени от духовна храна, те ИЗНАМЕРИЛИ АЗБУКАТА, както казахме и превели писанията на БЪЛГАРСКИ ЕЗИК…“
На што во суштина ги учат децата, македонските учители – да ја бараат вистината или да ја заобиколат и да живеат во заблуда цел живот?!
Да се вратиме на денешната македонска практика!
Во истиот учебник по историја, истите автори во поглавјето „Воспоставување на македонската држава – Самуиловото царство“, стр.153-154 пишуваат: “…Условите за кревање востание за отфрлање на БУГАРСКАТА ВЛАСТ ВО МАКЕДОНИJА созреале по смртта на бугарскиот цар Петър во 967 г….Ваквата состоjба била искористена од синовите на кнезот Никола…Давид, Арон Моjсеj и Самуил, кои во 969 г. кренале востание против БУГАРСКАТА ВЛАСТ…Востанието за кратко време се проширило и врз другите области, со што била отстранета БУГАРСКАТА ВЛАСТ од поголемиот дел на Македониjа.
Со возобновувањето на независната политичка, воена и црковна власт во Македонија, во Македонија е создадена ПРВАТА МАКЕДОНСКА СРЕДНОВЕКОВНА ДРЖАВА – Ослабената Бугарија не можела да го спречи создавањето на македонската држава итн. сите во ист дух.
За разлика од тврдењата на авторите на учебниците од Скопје, современиците на овие настани, византиските хроничари Скилица и Јоан Зонара оставиле сосема различни сведоштва…
Скилица: „Веднаш по смртта на императорот Јован Цимисхи, Бугарите се побунија и беа одредени да управуваат со нив четворица браќа: Давид, Арон, Мојсеј и Самоил…“
Јоан Зонара: „И во Бугарија повторно се случило брожение. Затоа што, откако се дозна за смртта на Цимисхи, Бугарите им ја доделија власта на четворицата браќа – Давид, Арон Мојсеј и Самоил…
А во Летописот од Дукла – артефакт од XII век – пишува: „Во тоа време во бугарското племе се крена некој Самуил, кој се прогласи за цар. Водел долги војни со Грците и ги протерал од цела Бугарија…“
За востанието на Петар Делјан Скилица пишува: „Еден Бугарин, Петар, по прекар Делјан… почнал да талка низ Бугарија… Тој објави дека е син на Роман, син на Самуил, и го бунтувал народот на Бугарите…“
Погоре цитираниот учебник по историја не е исклучок, но е тема за подетална анализа.
Да се вратиме на новиот статус на МПЦ-ОА! Еуфоријата на настанот е избрзана и наивна. Исклучувајќи ги личните амбиции на Вселенскиот патријарх во моментов, политичката и геополитичката ситуација, како и децениската српска стратегија за спротивставување на Македонците на Бугарите, доаѓаме до судбината на егзархиските црковни општини во Македонија веднаш по Првата светска војна. До 1913 година во Македонија имало 1.139 цркви, 155 параклиси, 62 манастири и 1.132 свештеници. Сите тие се поддржани од Бугарската егзархија, која преку плебисцит, т.е. сенародна анкета е признаена како своја црква во речиси цела Македонија.
Во Скопје, поради систематски сугерираното српско гледање на настаните, се појавуваат супститути кои до денес не се анализирани и оценети. Дали некој професор-теолог или политичар тргнал да ги разбере целите на српската четничка пропаганда во Македонија!? Дали некој во Скопје зборува за ѕверствата на семинаристот Василије Трбиќ, кој водел чета во Македонија по Илинденско-Преображенското востание, убива свештеници на Егзархијата и го тероризира населението
А „подвизите“ на митрополитот Варнава, подоцна патријарх на Српската православна црква? Исто така водел чета и извршил низа ѕверства, убиства и немири. Истото важи и за идниот српски скопски владика Јосип, кој како четник колел егзархиски свештеници и учители.
И најважно е договорот меѓу Српската православна црква и Цариградската патријаршија, по Првата светска војна! Тогаш тие го делат егзархиското наследство во Егејска и Вардарска Македонија, при што СПЦ и плаќа на Цариградската патријаршија 1.500.000 златни франци. Да не зборуваме за убиените и прогонетите егзархиски епископи и стотиците свештеници кои одбиле да го напуштат своето стадо и беа принудени да си ги сменат имињата според грчкиот и српскиот систем на имиња, а подоцна биле малтретирани, затворани и превоспитани во српски дух.
Како пред 100 години, така и денес политичката и геополитичката целесообразност го облекла ликот на канонот, но Господ гледа. Не целото свештенство во братската земја потона во отпадништво, себичност и послушност кон фарисеите. Знам дека во самата МПЦ-ОА има доволно нераспадливи, проникливи и вистинознајни Божји слуги, браќа и сестри од многубројните манастири, кои еден ден ќе го тргнат превезот на лагата.
Тогаш новиот статут на Македонската православна црква – Охридска архиепископија ќе се сврти против оние кои денеска го величаат, бидејќи црквата доброволно ќе стапи во братска заедница со Бугарската православна црква за враќање на вистинската побожност, правда и братство.
И овој ден не е далеку затоа што
БОГ ГЛЕДА И СО СВОЈАТА МОЌНА ДЕСНА РАКА БЛАГОСЛУВА И КАЗНУВА…