Креаторите на подкастот „Коридор 8“ го поканија Сашо Тасевски да се извини за навредите кон Бугарија и Бугарите во нивната емисија
Како што стана јасно вчера актерот, стендап комичар, писател и аналитичар Сашо Тасевски доби препорака од Комисијата за дискриминација на Република Северна Македонија, да се извини на бугарскиот народ заради изнесените од негова страна навреди и да ги избрише сите содржини кои содражат елементи на говор на омраза од неговите социјални мрежи.
По добивањето на препораката Тасевски реагираше со пост на неговиот Facebook профил.
Креаторите на подкастот „Коридор 8“- македонско-бугарска седенка го поканија Сашо Тасевски извинувањето да го даде во нивната емисија, која се емитува секоја недела од 19 часот во You Tube.
„Во врска со препораката на Комисијата за дискриминација на Република Северна Македонија до господинот Сашо Тасевски да се извини за ширењето говор на омраза кон бугарскиот народ, го повикуваме да го стори тоа на македонско-бугарскиот подкаст “Коридор 8”.
Ние сме подкаст посветен на пријателството и искреноста во односите меѓу Бугарија и Македонија и подготвени сме да обезбедиме соодветен формат за тоа да се случи во нормален човечки разговор без навредливи квалификации на шовинизам, фашизам и великобугаризам, како што доликува на вистинските Европејци и демократите.
Да покажеме дека можеме да зборуваме како нормални цивилизирани луѓе. Да бидеме културни и да им дадеме добар пример на помладите генерации!Верни на нашиот принцип дека човечките односи се највредниот капитал на патот на Транспортниот Коридор 8, ќе поканиме и човек од Бугарија – проф. д-р Боњо Лунгов, познат предавач во НАТФА Крстјо Сарафов, кој имал креативна соработка со г-дин Тасевски. Веруваме дека во пријателска атмосфера и искреност можеме заедно да градиме мостови, а не ѕидови“, стои во објавата на официјалната страница на Коридор 8 во Facebook.
Во однос на тоа прашање од Коридор 8 е направена и on-line анкета, на која сите гледачи и пријатели на подкастот ќе можат да гласаат за тоа дали според нив Тасевски ќе се извини за напишаните и кажаните навреди кон Бугарија и бугарскиот народ.
Можете да одговорите на прашањето на анкетата „Дали Сашо Тасевски ќе се извини?“