| |

ПЕНДАРОВСКИ ГО ПРИМИ АМБАСАДОРОТ НА ФРАНЦУСКАТА РЕПУБЛИКА, КРИСТИАН ТИМОНИЕ

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска го прими амбасадорот на Француската Република, Кристиан Тимоние.

На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Француската Република, како и информации за актуелните состојби во двете држави, и за случувањата во регионот.

Претседателот Пендаровски изрази задоволство од развојот на соработката меѓу двете држави, што се карактеризираат со пријателство и меѓусебна доверба. Претседателот Пендаровски истакна дека Република Северна Македонија во Француската Република гледа искрен пријател и сојузник во остварувањето на стратешките цели.

По вчерашното објавување на Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Северна Македонија за 2019 година, претседателот Пендаровски изрази очекување дека Европскиот совет, согласно препораката на Европската Комисија, ќе донесе одлука за почеток на пристапните преговори за членство.

За остварување на следниот чекор, одредување датум за почеток на пристапните преговори за членство во ЕУ ја очекуваме поддршката и од Француската Република, нагласи претседателот Пендаровски на средбата.



Слични Објави