НИКОЛОВСКИ: СПОРОТ СО ГРЦИЈА ГО НЕМА, НО НЕМА НИ ДАТУМ ЗА ПОЧЕТОК НА ПРЕГОВОРИ СО ЕУ

//

Сметаме дека е добро што десетта година по ред Македонија добива позитивна препорака за почеток на преговори за членство во ЕУ. Тоа е добро и таа препорака треба да се реализира, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на прес-конференција.

„Досега осум препораки не се претворија во почеток на преговори за членство заради противењето на Грција во однос на спорот со името и ветото кое што тие го поставуваа. Минатата година Заев и Димитров се согласија на срамниот Преспански договор за преименување на Македонија. Сепак и покрај тоа и покрај потпишувањето на договорот на 16-ти јуни веќе на 29-ти јуни датум за почеток на преговори за членство во ЕУ немаше иако тоа беше најголемото ветување кое што Заев и Димитров го дадоа. Годинешнава повторена препорака само покажува дека минатата година и Заев и Димитров како и Владата лажеа дека има датум за почеток на преговори за членство. А, нема затоа што нема реформи. Немаше реформи минатата година како што нема реформи и оваа година“, истакна Николовски.

Тој рече дека како што стојат сега работите, очигледно е дека и оваа година нема да има датум за почеток на преговори. Спорот со Грција го нема, но сепак нема датум за почеток на преговори за членство во ЕУ, истакна Николовски.

„Ако во минатото проблем беше спорот, а не изостануваа реформите, сега веќе изостануваат реформите. Нешто што го гледа целиот народ и сите граѓани на Република Македонија. Лагите се проѕирни и излегоа на виделина. Само да се потсетиме на стотиците изјави и интервјуа каде владата велеше дека добила датум за почеток на преговори за членство во ЕУ минатата година. Да се потсетиме дека минатата година на 30-ти јуни Зоран Заев рече: „Добивме датум за преговори јуни 2019 година“.
Еве го јуни дојде, а датум за преговори нема. Ако лани лажеа и вината ја префрлаа на други, оваа година слушаме изјави од типот ЕУ да си го одржи зборот. Како ЕУ да е некој пазарџија кој што треба да си го одржи зборот. Или слушаме како луѓе блиски на оваа власт напаѓаат пријатели на Македонија, големи европски држави обвинувајќи ги за оваа состојба и не сакајќи да се погледнат себе и да погледнат кон себе. Вистината е дека датум немаше и за жал датум нема да има, затоа што нема реформи во клучните области. Нема реформи тоа го констатира ЕУ, тоа го констатираа земјите членки на ЕУ, а тоа секојдневно го живеат граѓаните на Република Македонија“, изјави Николовски.



Тој додаде дека и овој извештај јасно потенцира слабости во многу сектори, а пред се врвот на корупцијата, состојбите во јавната администрација, состојбите во економијата и владеењето на правото.

„Еве сега кажувам ако остане оваа влада на Заев и следната година во јуни нема да има датум за почеток на преговори. Затоа што едноставно не ги бива и немаат капацитет да сработат. Затоа решението е едно и едноставно владата да замине и да дојде влада способна и посветена да испорача прво за доброто на граѓаните, потоа и за она што е потребно како барање на ЕУ, и конечно државата да започне преговори за членство во ЕУ затоа што нашето место е таму“, додаде Николовски.

Претходна статија

ПЕНДАРОВСКИ ГО ПРИМИ АМБАСАДОРОТ НА ФРАНЦУСКАТА РЕПУБЛИКА, КРИСТИАН ТИМОНИЕ

Следна статија

ЗА БРОЈЧАНИКОТ, БЕГАЛКАТА И УШТЕ НЕШТО

Најново од Вести