| |

МАДУРО ГИ ДОБИ ИЗБОРИТЕ ВО ВЕНЕЦУЕЛА-ОПОЗИЦИЈАТА НЕ ГИ ПРИЗНАВА РЕЗУЛТАТИТЕ

Досегашниот претседател Николас Мадуро победи на изборите во Венецуела, јавуваат светските агенции.

Според официјалните податоци, Мадуро доби 5,8 милиони гласови, а неговиот ривал Енри Фалкон – 1,8 милиони. Одѕивот изнесувал 46 проценти.

Фалкон рече дека не ги признава резултатите од изборите поради големиот број неправилности и фалсификации.
Победата на Мадуро изгледа убедлива откако на претходните избори во 2015 година, неговата партија тесно ја победи опозицијата. Во меѓувреме, земјата падна во тешка економска криза и покрај огромните резерви на нафта.

Слични Објави