МНР ГО ОСУДИ ПАЛЕЊЕТО НА БУГАРСКОТО ЗНАМЕ НА КАРНЕВАЛОТ ВО ВЕВЧАНИ
„Вековна традиција не смее да биде загрозена преку активности со кои се омаловажуваат или навредуваат народи, држави, особено нашите соседи.
Го осудуваме палењето на знамето на Република Бугарија на Карневалот во Вевчани, чин кој не само го нарушува реномето на Карневалот туку и нанесува штета на угледот на Република Северна Македонија“, се вели во соопштението на официјалната страна на МНР

