| |

К. Синадиновска: Оваа држава ќе умре само од џаболебарење

Новинарката Катарина Синадиновска преку својот facebook профил го постави прашањето, кога неспособните паразити вработени низ разноразните јавни претпријатија, министерства и агенции ќе бидат отпуштени?! Ви го пренесуваме во целост нејзиниот facebook статус:

„ЈП Водовод и Канализација пратило соопштение во кое меѓу другото се вели: „бла бла бла… наследивме превработеност со неквалификуван кадар“.
Е сега, оти ова не е прв пример државни претпријатија, министерства, агенции да се жалат да неспособни вработени во незнаен број, прашањата се КОГА овие паразити ќе бидат отпуштени, а ако не – кога ќе им бидат отпуштени шефовите оти да признаеш дека имаш вакво неефикасно трошење на НАШИТЕ пари за НИВНИ плати, а да не преземеш ништо е катастрофа. Еднаква како изјавата на ресорниот министер дека на оние кои седат дома и земаат плата ќе им бараат место да ги вдомат.
Дечки, завеани во јазици, колумнист(к)и, имиња, надимаци, реакции на белосветски патриоти и тако даље – само од џаболебарење ќе умре оваа држава!!! Од ништо друго!“.

Слични Објави