Борисов издејствувал 120 милиони евра од Европа за Македонија

//

Бугарскиот премиер Бојко Борисов рече дека во Давос издејствувал 120 милиони евра од Европа за Македонија, за изградба на автопат од Скопје до Софија. Борисов соопшти дека разговарал со германската канцеларка Ангела Меркел и со Жан Клод Јункер и тие ми ветиле пари за Македонија и Бугарија, за да се изгради автопат од Скопје до Софија. Борисов додаде дека  Зоран Заев го замолил да се заложи за тоа.  „Успеав да ги убедам Меркел и Јункер дека тој автопат е од животно значење за Западен Балкан и за сигурноста во регионот и дека со тоа уште еднаш ќе им докажеме на сите дека Европа е едно семејство во кое сите се еднакви. Приоритетите на бугарското европско претседавање вистински се оценува од сите во Европа и тие ни помагаат да се развие Балканот“ – вели Борисов.

На прашањето, зошто бара пари за Македонија, наместо да побара за северозападна Бугарија за автопатот од Софија до Видин, тој одговори:



– Парите за северозапад одамна и се пуштени на Бугарија и ние работиме, па во најскоро време автопат Софија-Видин ќе има. Народот треба да се стрпи уште малку, за две до три години тоа ќе се случи. Не е тоа пат обична улица за да се направи за десет дена – рече бугарскиот премиер.

Претходна статија

Во Германија се протестираше против турската операција во Африн

Следна статија

К. Синадиновска: Оваа држава ќе умре само од џаболебарење

Најново од Вести