| |

Почит кон хероите од Илинденската епопеја

Општина Гоце Делчев традиционално го организира соборот во село Попови ливади по повод 121-годишнината од избувнувањето на Илинденско-Преображенското востание. Оваа година манифестацијата на која секогаш присуствуваат стотици луѓе ќе се одржи на 3 август /сабота/, јавува Пиринско.

Програмата ќе започне во 10:30 часот пред споменикот Гоце Делчев на Попови ливади со панихида за загинатите во Илинденската епопеја и молитва за здравје, која ќе ја упати Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Неврокопски г. Серафим.


Потоа ќе се одржи говор по повод востанието, а ќе бидат положени венци и цвеќе во знак на благодарност и почит кон споменот на учесниците и жртвите од Илинденско-Преображенското востание.

Во 11:30 часот на големата ливада во село Попови ливади ќе започне свечениот концерт на кој ќе учествуваат познати изведувачи од Неврокопско.

Слични Објави