| |

ВМРО-ДПМНЕ: ШЕКЕРИНСКА И ЗАЕВ ЈА КЛЕКНАА АРМИЈАТА НА КОЛЕНА, ИМАМЕ САМО СКАНДАЛИ И АФЕРИ

Соопштение до јавноста – реакција на изјавата на Радмила Шекеринска.

За нешто повеќе од година дена Шекеринска успеа да ја клекне Армијата на колена. Недостаток на гориво за тенковите, користење на армиски хеликоптер за ручеци по кафеани, слаба исхрана за војниците и немање превоз до работното место се само дел од причините кои ја клекнаа АРМ на колена.

Шекеринска е најнеодговорната министерка за одбрана во историјата на независна Македонија, луксузните набавки на апетисани, кондиторски производи и алкохол се приоритет, а потребите на Армијата се ставени на страна. Ова е недозволиво и срамно.

Шекеринска треба да знае дека со потценување и понижување на Армијата не се оди во НАТО, ни таа, ниту било кој друг, туку припадниците на АРМ со нивната стручност и подготвеност, пожртвуваност и храброст се главен причинител за високото мислење за АРМ во светот, кои иако се соочуваат со слаби услови за работа високо ја одржуваат својата борбена готовност, се вели во соопштението на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ и Шекеринска наследија Армија во одлична состојба, која редовно беше снабдувана со неопходните работи потребни за нејзино нормално функционирање сега гледаме дека повеќе од година дена таа тоне.

Дополнително Зоран Заев со договорот со Грција задава уште еден удар и на Армијата која е еден од столбовите и обележјата на нашата државност. Предвиденото нејзино преименување ќе значи и губење на институционалниот идентитет кој е дел од националниот идентитет на нашиот народ и држава.

Оваа власт се покажа целосно неспособна да управува со Министерството за одбрана, имаме само скандали и афери, а војниците патат. СДСМ мора да си замине, со СДСМ на власт Армијата е понижена и потценета.



Слични Објави