| | |

ВО ГРЦИЈА Е ЗАБЕЛЕЖАНА ОТРОВНА РИБА

Една од најотровните видови риби во светот позната како – фуга, која излачува отров 1.250 пати појак од цијанидот е видена во Стримонскиот залив (Ставрос, Асправалта) во Грција.

Оваа вест е објавена на фејсбук на грчки јазик во вид на предупредување.

Во предупредувањето пишува дека таа е безопасна за пливачите, но отровна ако се конзумира. Голем број луѓе не го знаат ова и се не упатени, затоа внимавајте што ви сервираат. Конзумирањето на оваа риба е со фатални последици.

Јапонците се најголемите љубители и познавачи на фугата. Во рестораните во Јапонија, како и во рестораните во некои други земји, подготовката на специјалитети од фуга е строго контролирана со закон, така што овие риби можат да се подготвуваат само од најискусните готвачи кои завршиле ригорозни обуки. Домашната подготовка на оваа риба често завршува со фатални последици. Фугата се служи во форма на Sasimi или Chirinabea. Се смета дека црниот дроб е најделикатниот и највкусниот дел од фугата. Сепак, тој е исто така и најтоксичниот дел, затоа во 1984 година било забрането да се служи црниот дроб во Јапонија. Денеска оваа риба повторно може да се најде на ресторанските мениа. Дури ни високата цена од 100 до 200 долари од лице не ги предомислува љубителите на екстреми да го пробаат овој специјалитет.



Слични Објави