МАРКОВИЌ-МЕРКЕЛ: НЕМА ДА ИМА ПРОМЕНА НА ГРАНИЦИТЕ НА БАЛКАНОТ

Вести Истакнато Свет

Нема да има промени на границите на Балканот, ова е главната порака по средбата меѓу црногорскиот премиер Душко Марковиќ и германската канцеларка Ангела Меркел. Марковиќ престојува во официјална посета на Германија на покана на Меркел.  Првата официјална посета на Марковиќ во Германија, како што посочуваат тамошните медиуми, претставувала можност за размена на мислења со Меркел на тема билатералните односи. Се разговарало за економската размена меѓу Црна Гора и Германија, за економската соработка меѓу земјите од Западен Балкан, особено во рамките на Берлинскиот процес и за европската интеграција на Црна Гора.