Претседателот Радев ќе го означи почетокот на 20-тото издание на „Бугарскиот Божиќ“
Веќе 20-та година во Бугарија се одржува хуманитарната акција „Бугарски Божиќ“. Почетокот на јубилејното издание за поддршка на болните деца и медицинските установи ќе го означи претседателот Румен Радев во регионалната болница „Доктор Стефан Черкезов“ во Велико Трново.
Две децении добротворната кампања „Бугарски Божиќ“ се одржува под покровителство на шефот на државата поддржувајќи ги децата на кои им е потребна дијагноза, лекување и рехабилитација.
Годинешното јубилејно издание ќе го отвори претседателот Румен Радев во 12:00 часот во Велико Трново и ќе го објави насловот под кој ќе се одржува хуманитарната иницијатива во текот на 2023-та година.
Со сумите собрани од донации минатата година биле поддржани 500 деца за дијагностицирање, лекување и рехабилитација. Обезбедената финансиска поддршка за нив изнесува 920.614,54 лева.
Доставена е медицинска опрема во 27 медицински установи од цела Бугарија, со вкупна вредност од 767 316 лева.