ЦИПРАС ДЕНЕСКА ЌЕ ГО ПОДНЕСЕ БАРАЊЕТО ЗА РАСПУШТАЊЕ НА ПАРЛАМЕНТОТ

/

Грчкиот премиер Алексис Ципрас попладнево ќе побара од претседателот во земјата, Прокопис Павлопулос, распуштање на парламентот и распишување предвремени парламентарни избори.

Како што најави Ципрас минатата недела, изборите би требало да бидат одржани на 7 јули.

Ципрас во текот на денот ќе ја претстави и изборната програма на неговата владејачка партија СИРИЗА.

Одлуката на Ципрас за предвремени избори следеше по поразот на СИРИЗА на изборите за Европскиот парламент и локалните избори во Грција со речиси десет отсто разлика во однос на опозициската Нова демократија.



Извор: Макфакс

Претходна статија

ДЕ ЛИХТ: РОНАЛДО МЕ ПРАША ДАЛИ ДОАЃАМ ВО ЈУВЕНТУС

Следна статија

КАЗНЕТИ НАД 100 ВОЗАЧИ ЗА БРЗО ВОЗЕЊЕ ВО СКОПЈЕ

Најново од Вести