НЕВРАБОТЕНОСТА ВО МАКЕДОНИЈА Е ТРИ ПАТИ ПОГОЛЕМА ОД ОНАА ВО ЕУ
Последниот извештај на Еуростат покажува дека во Македонија невработеноста е три пати повисока од, невработеноста во земјите челнки на Европската унија.
Во земјава процентот на луѓе без работа е 17,8 проценти, додека просекот во земјите членки на ЕУ е 6,3 отсто.
Според податоците на Еуростат во Унијата, најмалку невработени лица има во Чешка, односно невработеноста во оваа европска земја е 1,9 проценти. Најголемиот процент на невработеност во Унијата е кај балканска земја, Грција „води“ со 17,6 проценти невработеност.
Македонија во споредба со земјите од Западен Балкан, подобро стои од БиХ и Косово кои имаат највисоки стапки на невработеност. Најмал процент на невработеност има во Албанија и Србија.
Извор: ТВ Стар