| |

КОЛЕВ ЛОБИРА ЗА МАКЕДОНИЈА ПРЕД ЕВРОКОМЕСАР И ЕВРОПРАТЕНИЦИ ВО СОФИЈА

Претседателот на Граѓанско Демократска Унија-ГДУ, Петар Колев го искористи своето учество на самитот „Западни Балкани“ во организација на „New Direction“, што се одржува во Софија, за да лобира за Македонија.

Колев на својата facebook страна објави дека се сретнал со еврокомесарот за иновации, научни истражувања, култура, образование и младина Марија Габриел, од редовите на ГЕРБ и ЕНП и домаќинот на самитот Ангел Џамбаски, потпретседател на фондацијата „New Direction“ и европратеник од редовите на ВМРО и ECR.

Во разговорот со Габриел и Џамбаски, Колев објавува дека основниот акцент бил ставен врз евро-атлантската иднина на Република Македонија и позицијата на Бугарија во однос на тоа прашање.

Слични Објави